
Пеп Гвардиола ниту оваа сезона не блеска многу со Манчестер Сити, а нов удар пристигна во вторникот бидејќи тимот испадна во осминафиналето на Лигата на шампионите. Шпанецот е решен дека на крајот од сезоната со трошење огромни средства ќе се обиде да го реши проблемот, а веќе се знае и за кој играч сериозно е „загрижен”.
По минатата сезона која беше за заборав, се очекуваше дека Гвардиола оваа ќе успее да го врати Манчестер Сити на врвот, но тоа изгледа нема да се случи.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Нов удар Граѓаните доживеаја во вторникот кога го завршија своето учество во Лигата на шампионите уште во осминафиналето бидејќи убедливо ги совлада Реал Мадрид.
За Пеп тоа сигурно е тежок удар, а единствената надеж останува дека уште може да направат нешто во Премиерлигата каде моментално се второпласирани зад Арсенал.
И како што обично се случува во Манчестер Сити, традиционално изгледа дека Гвардиола проблемите што ги има со играчкиот кадар ќе се обиде да ги реши со трошење голема сума пари за нови засилувања.
Англиските медиуми наведуваат дека на Етихад веќе го подготвуваат летниот преоден рок и дека повторно ќе имаат големи средства на располагање.
Како што наведува Телеграф, Гвардиола сака да го донесе Сандро Тонали од Њукасл бидејќи смета дека средниот ред е најголемиот проблем во играта на неговиот тим, и дека му се потребни нови засилувања таму.