
Бразилецот Винисиус повторно се најде во фокусот по реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот Етихад.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, Реал триумфираше против Манчестер Сити со 2:1, а двата погодоци ги постигна одличниот Винисиус.
Сепак, тој се најде во центарот на вниманието поради начинот на кој го прослави голот. Првиот гол го прослави пред навивачите, гледајќи кон трибините и имитирајќи плачење. Со овој гест, одговори на тоа што навивачите на Сити направија на истото место пред една година.
Снимка направена по натпреварот покажува дека Винисиус бил активен и во тунелот каде што играчите и персоналот на двата клуба се движат кон соблекувалните.
Вини ја започна расправијата со официјалните лица и играчите на Сити во тунелот по завршувањето на натпреварот. Овој човек е единствен.pic.twitter.com/mMG9jpAt9c
— Geronimo Morgans (@GeronimoMorgans) 18 март 2026
Бидејќи тунелот во внатрешноста на стадионот на Сити е оделено со прозирно стакло, еден од навивачите на Сити успеа да го сними моментот кога Винисиус се судри со играчите и претставниците на Сити.
На видеото се гледа и како еден од Реал го задржува, за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот.