Дома Фудбал Левандовски влезе во историјата на ЛШ, ги надмина Меси и Роналдо

Левандовски влезе во историјата на ЛШ, ги надмина Меси и Роналдо

Барселона го совлада Њукасл со 7:2 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а еден од стрелците беше и Роберт Левандовски, кој со ова остварување влезе во историјата на најелитното натпреварување.

Одличниот Полјак постигна два гола во високата победа на Барселона. Тој беше стрелец на петтиот и шестиот гол за Барселона, со што влезе во историјата на Лигата на шампионите.

Поранешниот голгетер на Борусија од Дортмунд и Баерн, го додаде Њукасл на листата на клубови против кои постигнал гол во најелитното натпреварување. „Граѓаните“ му се вкупно 41. „жртва“, правејќи го рекордер.

Претходниот рекордер беше Лионел Меси со 40 клубови на кои им дал гол во Лигата на шампионите. Очекувано на врвот на листата е и Кристијано Роналдо, кој има постигнато голови против 38 различни противници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …