Дома Фудбал Легендарниот голман на работ од солзи: Го одиграв можеби последниот меч во кариерата, сè е уништено!

Легендарниот голман на работ од солзи: Го одиграв можеби последниот меч во кариерата, сè е уништено!

Данскиот голман Каспер Шмајхел, член на легендарната генерација на Лестер која освои Премиер Лига, оваа сезона е член на Селтик.

Во гостување на CBS Sport, коментирајќи ги натпреварите од Лига на шампиони, Шмајхел изјави дека е блиску до крајот на својата кариера.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


– Можеби го одиграв последниот натпревар во кариерата. Од денот кога се родив, фудбалот е дел од мене. Многу ми е тешко да сфатам што ми се случува во овој момент. Кога ќе се вратам во форма, ќе имам повеќе од 40 години. Ќе ми бидат потребни две операции за да се опоравам. Ако се вратам на теренот, ќе биде тоа најголемото достигнување во мојата кариера. Ќе се борам, ќе се обидам сè што можам, рече Шмајхел.

Тој откри за каква повреда станува збор.

– Ја искинав бицепсата, го ишчашив рамото и го искинав лабрумот. Сè е уништено. Да го кажам тоа на начин што сите можат да го разберат – како кога играч ќе искине предни крстосани лигаменти и ахилова тетива и се опоравува од двете повреди. Ме чека пауза од 12 месеци, можеби и повеќе. Фудбалот ми значи сè, тоа е целиот мој живот, дел од мојот идентитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…