Дома Фудбал Англичаните убедени: Гвардиола е блиску да замине од Манчестер сити!

Англичаните убедени: Гвардиола е блиску да замине од Манчестер сити!

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се соочија со тежок удар оваа сезона. Поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите го отвори прашањето околу иднината на шпанскиот стратег на „Етихад“. Изгледа дека Каталонецот би можел наскоро да се збогува со Манчестер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гвардиола, кој е на чело на Сити од 2016 година и има договор до летото 2027, се наоѓа под зголемен притисок со многу отворени прашања околу неговиот останок меѓу Граѓаните.

Според последните известувања, поранешниот тренер на Барселона и Баерн Михнен е подготвен да донесе конечна одлука за својата иднина по завршувањето на сезоната, најдоцна по финалето на Карабао купот против Арсенал кое ќе се игра следниот викенд.

За време на неговата деценија во Манчестер, Гвардиола го постави Сити меѓу најголемите европски сили и доминираше во Англија, но неуспехот во Лигата на шампионите отвори прашања дали овој период е поблиску до крај отколку што се мислеше.

Иако неговиот договор трае уште година и пол, од клубот велат дека конечната одлука ќе биде донесена наскоро, а Гвардиола можеби ќе почека неколку недели за да „размисли добро“ пред јавно да објави што планира понатаму.

Сити остана без Лига на шампиони, со убедливо водечкиот Арсенал во Премиер лигата, за утеха остануваат само куп натпреварувањата. И да ги освои, тоа не е нешто што би ги задоволило ни Гвардиола, ниту раководството и навивачите кои станаа навикнати на поголеми успеси.

Соочен со притисокот и постојаните шпекулации за неговото заминување, Гвардиола даде остар одговор на медиумите. „Сите сакаат да ме отпуштат,“ рече Гвардиола. „Еден ден ќе излезам овде и ќе речам ‘збогум, збогум момци’.“

Претстојната пауза поради репрезентативните обврски може да биде вистинската шанса Гвардиола да се искаже за својата иднина, а според извори, се наоѓа блиску до напуштање на клупата на Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…