
Германскиот тренер Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 година, изјави претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, пренесуваат денес шпанските медиуми.
Флик (61) има договор со Барселона до 30 јуни 2027 година.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Набрзо ќе објавиме продолжување на договорот со Флик. Тоа ќе биде до јуни 2028. Секогаш претпочитаме во договорот да има уште една година. Деко ќе биде задолжен за преговорите, а Рафа Јусте ќе го финализира договорот”, рече Лапорта во разговорот за Радио Каталуња.
„Би сакал да го имам Флик за време на целиот мој мандат. Тоа би покажало стабилност на клубот и би докажало дека победуваме. Тој е млад човек со многу енергија кој е среќен во клубот и во градот”, додаде претседателот на Барселона.