
Шокантен потег изведе кошаркарот на Оклахома Алекс Карузо на натпреварот против Орландо. Оклахома ја запиша 10-та победа по ред, откако претходната ноќ го совлада Орландо со резултат од 113:108, а натпреварот го обележа една бизарна сцена.
Во текот на еден напад на Орландо, искусниот Алекс Карузо ја загуби левата патика, но тоа не го спречи да продолжи да игра одбрана.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Држејќи ја патиката во една рака, Карузо се обиде да го запре Тристан да Силва. Германскиот репрезентативец тргна на продор, а асот на Оклахома ја испружи раката и со патиката го блокираше шутот.
Неговата импровизација не остана неказнета, затоа што според правилата на НБА играчите не смеат да користат опрема за стекнување предност во играта. Карузо веднаш доби техничка, а на Тристан да Силва му беа признати поените и доби дополнително слободно фрлање.
.This genuinely the craziest thing I’ve ever seen on a basketball court 😭pic.twitter.com/hhb8S9zhkK
— Sleeper (@SleeperHQ) March 18, 2026