Дома Фудбал Арбелоа: Ако сакате, ќе напишам книга

Арбелоа: Ако сакате, ќе напишам книга

Третата година по ред фудбалерите на Реал Мадрид ги елиминираатт Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Овој пат тоа се случи во осминафиналето, каде што шпанскиот гигант триумфираше со вкупен резултат 5:1, по победата од 3:0 на првиот натпревар на Сантијаго Бернабеу и 2:1 во вчерашниот реванш на Етихад. Натпреварот го коментираше тренерот на Реал, Алваро Арбелоа.

“Да се победи на ваков начин не е лесно. Малкумина веруваа дека ќе победиме на двата натпревари. Мбапе играше малку, но добро. Мислам дека беше фаул врз него во казнениот простор. Ако сакате, ќе напишам книга. Знам дека имам уште многу што да научам. Овие месеци работев многу напорно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ни останува само да продолжиме, бидејќи сомнежите ќе се вратат ако загубиме. Не се осмелувам да кажам дека го надминав тренерот како што е Гвардиола. Заслугата е на играчите. Пред неколку месеци не би верувал дека ова се случува. Пеп ми честиташе и ми посака среќа за натпреварот со Атлетико во недела”, изјави шпанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта откри каква ќе биде судбината на Флик на клупата на Барселона

Германскиот тренер Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 го…