Дома Фудбал Мбапе задоцни на тренингот во Манчестер, реакцијата на Арбелоа брзо стана хит (Видео)

Мбапе задоцни на тренингот во Манчестер, реакцијата на Арбелоа брзо стана хит (Видео)

Килијан Мбапе, најдобриот играч и главен стрелец на Реал, се врати на теренот по пропуштените пет натпреварувања поради повреда.Французинот повторно е во изборот за реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампиони. Дуелот ќе се игра вечерва, кога Манчестер Сити го пречекува Реал во 21 часот. Во првиот натпревар минатата недела, Реал го победи противникот со 3:0 благодарение на хет-трик од Феде Валверде.

Новинарите од мадридскиот АС во Манчестер забележаа интересен настан. На последниот тренинг на Реал пред реваншот, сите играчи и тренери беа собрани, но не започнаа со тренинг. Брзо стана јасно зошто. Мбапе задоцни на тренингот и неколку моменти подоцна трчаше кон тревникот од тунелот на Етихад.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Камерата ја пренесе реакцијата на тренерот Алваро Арбелоа, кој одговори на задоцнувањето на напаѓачот со кисела насмевка, а тоа можете да го погледнете ОВДЕ. AС на ова пишува: „Еве зошто е незаменлив. Мбапе задоцни на тренингот, а реакцијата на Арбелоа на стана вирална.“

Шпанските медиуми потенцираат дека кој било друг би се соочил со многу строги последици ако направеше тоа што му се случи на Мбапе, но нему му е простено затоа што е и тоа како важен. Оваа сезона на 33 настапи постигна 38 голови и има 6 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скијање и пиење не одат заедно: Џон Тери откри што му се случило

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, доживеа незгода на скијање во Франција, откако по …