Дома Фудбал Бизарност на изборите во Барселона: Тер Штеген не можеше да гласа, но Кевин Пантер можеше (Видео)

Бизарност на изборите во Барселона: Тер Штеген не можеше да гласа, но Кевин Пантер можеше (Видео)

Двајца беа кандидати за нов прв човек на Барселона: актуелниот претседател Жоан Лапорта и противкандидатот Виктор Фонт. Двајцата гласаа утринава, а меѓувремено се појавија многу лица кои се моментално во клубот или порано биле дел од истиот. Серхио Бускетс гласаше, Аитана Бонмати исто така, а присутен беше и неодамнешниот капитен Марк-Андре Тер Штеген.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот голман, кој оваа зима замина на позајмица во Жирона и потоа се повреди посериозно, дојде да гласа, но не успеа на своето изненадување. Имено, неговото име не беше на листата на регистрирани гласачи иако има право на глас.

Се случи пропуст кој се очекува да биде исправен и Германецот подоцна ќе може повторно да гласа.

Покрај фудбалерите, гласаа и кошаркарите на Барса, меѓу кои и Кевин Пантер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tреба да се пресели во Реал, а сега зборуваше за депресијата: Другите луѓе тоа не го разбираат

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате откри дека се соочувал со депресија по трагичната с…