Дома Фудбал Анчелоти ги изненади Бразилците со списокот за Хрватска, Роналдињо не можеше да остане мирен и веднаш реагираше

Анчелоти ги изненади Бразилците со списокот за Хрватска, Роналдињо не можеше да остане мирен и веднаш реагираше

Бразилската јавност беше изненадена од одлуката на Карло Анчелоти да не го вклучи Нејмар на списокот за пријателските натпревари против Франција и Хрватска кон крајот на март. Реакциите пристигнаа веднаш, а меѓу првите се огласи Роналдињо, кој смета дека ваквиот потег е сериозна грешка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новиот селектор на Бразил го објави списокот на играчи за претстојните дуели, а иако повика дури девет напаѓачи, меѓу нив не се најде ѕвездата на Сантос и едно од најголемите имиња во историјата на бразилската репрезентација. Токму затоа неговата одлука предизвика бурни коментари во земјата каде од репрезентацијата секогаш се очекува само најдоброто.

Иако Анчелоти се обиде да ја смири ситуацијата, во Бразил веќе се отвори дискусија за тоа дали репрезентацијата без Нејмар воопшто може да изгледа како сериозен кандидат за најголемите достигнувања.

Роналдињо беше меѓу тие кои не го криеја разочарувањето.

„Нејмар е и на една нога подобар од повеќето Бразилци во овој момент. Едноставно повеќе не уживам да го гледам Бразил како некогаш. Тој мора да биде во репрезентацијата на Светското првенство’, изјави легендарниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…