Дома Фудбал Се судрија ѕвездите на Милан

Се судрија ѕвездите на Милан

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, мораше да интервенира за да ја смири ситуацијата и да спречи ескалација на тензиите помеѓу двајцата напаѓачи, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, по поразот од Лацио (0:1). “Доколку барате двајца пријатели кои мирно ја минале неделната вечер, не гледајте кон нив”, пишува Gazzetta dello Sport.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За време на натпреварот помеѓу Лацио и Милан, Леао со широка гестикулација се жалеше на одлуките на Пулишиќ, бидејќи Американецот не му ја подаде топката во две потенцијално опасни ситуации. Она што не се виде во телевизискиот пренос е продолжението на конфликтот во соблекувалната, каде што Португалецот повторно му се обрати на соиграчот, барајќи објаснување со значително повеќе страст од обично. Иако не е сензационален инцидент, настанот е доказ дека нешто во нападот на Милан не функционира, се наведува во текстот.

Алегри, кој неделата вечерта ја презеде улогата на дипломат во соблекувалната, сега мора да управува со оваа ситуација наредните два месеца. Американецот обично е многу смирен и никогаш агресивен, додека Леао е поотворен и секогаш подготвен да помогне на младите играчи и новопристигнатите. Проблемот се јавува на теренот.

Пулишиќ и Леао ретко ги започнувале натпреварите заедно во лигата: во првото дерби со Интер, дома против Џенова и Лече, како и во последните четири натпревари со Парма, Кремонезе, Интер и Лацио. Во тие натпревари, овој напаѓачки дуо постигнале само два гола: Пулишиќ против Интер и Леао против Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…