Дома Фудбал Ова е новото ниво на креативност: Навивачите фрлија “секс-кукли” на теренот, а еве зошто

Ова е новото ниво на креативност: Навивачите фрлија “секс-кукли” на теренот, а еве зошто

Страсниот јужноамерикански фудбал повторно стана хит на социјалните мрежи, но овој пат не поради тепачки на теренот, туку поради несекојдневна провокација од трибините.

Во центарот на вниманието се најдоа навивачите на аргентинскиот клуб Росарио Централ кои одлучија на необичен начин да го исмеат својот најголем ривал, Њуелс Олд Бојс.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За време на натпреварот против Банфилд, навивачите на Росарио приредија сцена која брзо се рашири на интернет.

Имено, од трибините на теренот фрлија неколку кукли на дување кои беа облечени во црвено-црни дресови на Њуелс Олд Бојс.

Сè беше проследено со гласно скандирање и песни од трибините, додека домаќинските навивачи ја славеа оваа провокација упатена кон големиот ривал.

Според пишувањата на аргентинските медиуми, сцената се одиграла во 22-та минута од натпреварот против Банфилд.

Ниту тој момент не бил избран случајно.

Бројот 22 симболизира предност на Росарио во меѓусебните дуели против Њуелс Олд Бојс. низ историјата на нивното големо градско дерби.

Откако куклите завршија на теренот, натпреварот накратко мораше да биде прекинат.

Службените лица и редарите мораа да ги отстранат сите предмети од тревникот за да може мечот да продолжи.

Иако ситуацијата не прерасна во насилство, сцената предизвика огромно внимание на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Сакам да го видам тој Реал Мадрид од првиот меч

Реал Мадрид изгледа како да е со една нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите, отка…