
При поразот на Милан од Лацио со 1:0, вниманието на јавноста не беше насочено само кон резултатот, туку и кон однесувањето на португалската ѕвезда Рафаел Леао.
Додека неговиот тим се обидуваше да го надомести заостатокот, португалскиот напаѓач демонстративно бавеше со напуштањето на теренот, што предизвика незадоволство меѓу соиграчите и стручниот штаб.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
По излегувањето од теренот, Леао дополнително предизвика полемики кога студено го одби гушкањето од тренерот Масимилијано Алегри, што беше забележано од камерите.
Иако телевизиските камери забележаа и реакцијата на спортскиот директор на Милан, Игли Таре, кој со неверување го прокоментира однесувањето на Леао, клубот засега одлучил да задржи дипломатски тон.
Причината е и фактот дека 26-годишниот Португалец моментално е најдобро платен играч во соблекувалната на Милан, па клубот се обидува да избегне дополнителни тензии во јавноста.
Сепак, во клубот расте фрустрацијата поради недостатокот од напредок во неговиот пристап и карактер, што сè почесто се споменува како проблем.
Според информациите од италијанските медиуми, управата на Милан одлучила привремено да ги прекине преговорите за продолжување на договорот со португалскиот репрезентативец.