Дома Фудбал Флорентино Перез е подготвен да плати 160 милиони евра за играч на Баерн

Флорентино Перез е подготвен да плати 160 милиони евра за играч на Баерн

Реал Мадрид има сериозен интерес за крилото на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Претседателот на кралевите, Флорентино Перез високо го оценува Французинот и е подготвен да понуди 160 милиони евра за него, пишува таблоидот “Билд”.

Но Баерн нема планови да го продаде овој фудбалер во следното лето. Французинот е веќе во втората сезона со клубот од Минхен. Во овој период, крилото одиграло 93 натпревари, постигнувајќи 35 гола и давајќи 50 асистенции, објавува БТА.

Во среда Олисе нема да игра против Аталанта на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, бидејќи е казнет за жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …