Дома Фудбал Иран сепак ќе игра на Мундијалот во САД?

Иран сепак ќе игра на Мундијалот во САД?

Иранската репрезентација, и покрај војната што се шири во нивната земја, сè уште планира да учествува на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада, објави Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ). Минатата недела имаше спротивни информации во врска со учеството на Иран на СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека Иранците се добредојдени на Светското првенство, иранскиот министер за спорт се огласи со изјава дека поради воените услови, учеството на Иран е невозможно. Потоа и Трамп предупреди дека учеството на иранската репрезентација би можело да ги загрози нивната безбедност и животите.

“Според нашите информации, Иран ќе настапи на Светското првенство. Нема никакви сигнали дека тие не сакаат да учествуваат. Иран има извонредна репрезентација и се надеваме дека ќе ги надминат своите проблеми за да можат да се натпреваруваат на првенството”, изјави генералниот секретар на АФЦ Виндзор Пол Џон.

Иран треба да се натпреварува во групата Г, заедно со Белгија, Египет и Нов Зеланд, со два натпревари во предвид во Лос Анџелес и еден во Сиетл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Несекојдневен потег по испаѓањето од Светското првенство: Претседателот на државата нареди итна истрага!

За некого Светското првенство испишува прекрасни, историски приказни, но не секој има таа …