Дома Фудбал Maкедонија има проблем пред Данска, Лугано не го пушта Алиоски!

Maкедонија има проблем пред Данска, Лугано не го пушта Алиоски!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го соопшти списокот на повикани играчи за претстојниот полуфинален бараж против Данска, но околу настапот на Езѓан Алиоски сè уште има неизвесност.

Иако левиот бек се најде меѓу повиканите, неговото присуство на собирот на репрезентацијата е под знак прашалник поради повреда. Според зборовите на селекторот, медицинскиот тим на неговиот клуб Лугано засега не му дозволува на Алиоски да се приклучи на националниот тим во Скопје.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Седлоски посочи дека репрезентацијата се соочува со уште неколку кадровски предизвици. Еден од нив е и дефанзивецот Висар Муслиу, кој имал проблем со повреда, но во меѓувреме одиграл натпревар за вториот тим на својот клуб и се очекува да биде подготвен до дуелот.

„Имаме одредени проблеми со повреди. Муслиу веќе настапи за вториот тим и се надевам дека ќе биде подготвен. Што се однесува до Алиоски, тој исто така има повреда и лекарите на неговиот клуб во моментов не дозволуваат да допатува во Скопје. Ќе почекаме да видиме каква ќе биде проценката и од нашиот медицински тим“, изјави Седлоски.

Полуфиналниот бараж меѓу Данска и Македонија е закажан за 26 март во Копенхаген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Канио силно го критикуваше Милан: Милан е тим без карактер

Паоло Ди Канио остро го критикуваше Милан по неделниот пораз со 1:0 од Лацио во Серија А, …