Дома Фудбал „Земјотрес“ на повидок: Реал Мадрид подготвува понуда за Баерн од 160 милиони евра

„Земјотрес“ на повидок: Реал Мадрид подготвува понуда за Баерн од 160 милиони евра

Неверојатна шпекулација се шири низ Германија. Реал подготвува мега-понуда за Баерн Минхен. На цел на мадриѓаните е 24-годишниот француски напаѓач Мајкл Олисе. Сензационалната информација ја пушти во оптек „Спорт Билд“.

Германскиот таблоид тврди дека претседателот на Реал, претседателот Флорентино Перез, е голем обожавател на офанзивецот на Баерн и дека планира да го доведе на Бернабеу во летниот преоден рок.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Реал врши притисок и подготвува понуда која би можела да достигне 160 милиони евра. Перез планира мајсторски потег за сите во Мадрид да ја заборават сегашната сезона. Навивачите ќе се задоволат со уште една суперѕвезда”, стои во текстот на Спорт Билд.

И покрај оваа гласина, која широко одекна во Германија, Баерн наводно не планира да го продаде Олисе, кој има договор до 2029, и тоа без вградена откупна клаузула.

Олисе е на Трансфермаркт проценет на 130 милиони евра. Оваа сезона има фантастични бројки. 15 голови и 27 асистенции во 38 настапи во сите натпревари.

Инаку, Олисе е роден во Лондон и првите фудбалски чекори ги направил во Англија, но игра за Франција.

Тренирал во младинските академии на Челси, Арсенал и Манчестер Сити пред да премине во Ридинг, од каде што заминал во Кристал Палас, а потоа и во Баерн за 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сенегалски судија стана хит: Погледнете што направи по натпревар од афричката Лига на шампиони (Видео)

Сенегалскиот судија Иса Си примени уникатен пристап за да спречи нереди по неизвесниот нат…