
Жоан Лапорта убедливо го порази единствениот противкандидат Виктор Фонт на претседателските избори во Барселона.
Уште во попладневните часови, по убедливата победа над Севиља, играчите на Барселона кои имаат право на глас, се појавија на избирачкото место и заедно со Лапорта започнаа прославата.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Веќе тогаш беше јасно дека Виктор Фонт, кој од големите имаше поддршка само од Чави Ернандес, не можеше да биде достоен кандидат за Лапорта.
Тој така обезбеди уште еден претседателски мандат во наредните пет години, така што на чело на Барселона скоро ќе одбележи полнолетство.
Лапорта во првиот мандат беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, во златниот период со Франк Рајкард и потоа Пеп Гвардиола, а потоа се врати во клубот во март 2021 година.
Тогаш исто така го победи Виктор Фонт, и тоа убедливо, како и на денешните избори. Според последните информации, Лапорта освои близу 70% од гласовите.
Фонт кратко им се обрати на присутните медиуми и му честиташе на Ѓоан Лапорта за победата на претседателските избори.
🥳 ¡ЛАПОРТА ГО ПРОСЛАВУВА РЕЗУЛТАТОТ НА ПРВАТА АНКЕТА од изборите!
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 15, 2026
👉🏼 Победува со 66,6% од гласовите. Виктор Фонт ќе добие 30,9%.
Виа: ‘Барса Уан’ pic.twitter.com/nVtG07wy4N