Дома Фудбал Добри вести за Реал: Мбапе се враќа на теренот

Добри вести за Реал: Мбапе се враќа на теренот

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, повторно се приклучи на тренинзите со останатите играчи во неделата, беше потврдено од клубот од шпанската престолнина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Францускиот интернационалец не настапуваше од 21 февруари, кога почувствува повторна болка во левото колено и одлучи да паузира од натпреварите додека целосно не се опорави. Се врати во Франција на седум дена за одмор и терапија во својата татковина.

Очекувањата се дека Мбапе ќе биде дел од поширокиот тим на Реал Мадрид за реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Веројатно тренерот Алваро Арбелоа нема да го започне со него, но планира да му даде минути за да го подготви за дербито со Атлетико Мадрид следниот викенд.

Сосема е јасно колку значи неговото враќање за кралскиот клуб, бидејќи на 23 натпревари во Примера постигна исто толку голови и подели уште четири асистенции, додека на осум натпревари во Лигата на шампионите запиша 13 погодоци и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо му поставил услов на Реал Мадрид: Го сака она што го немаа ниту Алонсо, ниту Арбелоа!

Жозе Мурињо и натаму е сериозна опција за Реал Мадрид, сепак, иако е спремен веднаш да се …