Дома Фудбал Лапорта пред неделните избори го спомена и Влаховиќ и откри што е клучно за Барселона

Лапорта пред неделните избори го спомена и Влаховиќ и откри што е клучно за Барселона

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта говореше пред неделните избори за бројни теми, особено за засилувањата и при таа прилика ги демантираше гласините дека каталонскиот клуб преговара со Душан Влаховиќ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лапорта, во изминативе денови како и неговиот противкандидат Виктор Фонт, гостуваше во бројни емисии, а како и секогаш пред избори, засилувањата се една од главните теми и прашања.

Лапорта за разлика од претходните кандидатури, овој пат ги намали ветувањата и не е сигурен дека Барселона ќе доведува бомбастични засилувања.

„Постојано повторуваме дека не мора да доведуваме играчи само за да кажеме дека сме донеле некого. Она што е потребно е секоја сезона да го засилуваме тимот и да го правиме подобар. Тоа можеме да го направиме на повеќе начини, а еден од нив е, секако, доведување засилувања од странство. Ханси Флик и Деко се задолжени за тоа, тие знаат што му е потребно на тимот,“ рече Лапорта кој потоа одговори на прашањето за Душан Влаховиќ.

„Во медиумите во последно време често се појавува дека Душан Влаховиќ е поврзан со нас. Факт е дека неговиот договор истекува на лето, но нема апсолутно ништо помеѓу нас,” рече Лапорта.

Тој потсети дека Барселона не го решила финансискиот фер-плеј цели пет години, откако тој стана претседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…