Дома Фудбал Останато Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина.

Расел ја започна трката од првата позиција, а до победата дојде по жестока битка со возачите на Ферари.

Веќе во првиот круг во деветтиот свиок беше претркан од Луис Хамилтон, но клучниот потег го направи во петтиот круг каде повторно го презеде водството во остриот свиок број 14 и создаде предност пред Хамилтон и Леклер.

Леклер на крајот го претрка Хамилтон и трката ја заврши на второто место со само 0,6 секунди заостанување зад Расел.

Хамилтон ја заврши трката како трет, Ландо Норис (McLaren) беше четврти, додека на петтото место беше тимскиот колега на Расел, Кими Антонели.

Квалификациите за трката за Големата награда на Кина почнуваат во 8 часот, а трката е закажана за недела во 8 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонска спортистка во Таранто отпатува со 11 месечно бебе и денес ќе се бори за медал!

Македонската борачка Вероника Консевиќ денес од 19:30 часот ќе има можност да стигне до ме…