
Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Иран Рашид Мазахери.
Рашид Мазахери играше за Иран на Светското првенство во 2018 година. Тој на 24 февруари годинава на социјалните мрежи објави видео во кое го обвини иранскиот лидер Али Хамеини за злосторства против луѓето што протестираат во оваа земја. Во посебна објава на Инстаграм го нарече ѓавол.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Неколку дена подоцна, припадници на безбедносните сили упаднаа во куќата на Мазахери со налог за негово апсење, ги запленија сите електронски уреди и го одведоа.
Од тогаш никој не знае ништо за него. Неговата сопруга Маријам Абдолахи оттогаш нема контакт со него.
Маријам јавно поставува едно прашање – дали воопшто е жив 17 дена откако исчезна?
„Како сопруга на Рашид Мазареи изјавувам дека секогаш беше против бескрајните притисоци, од апсењето преку измонтирани случаи до закани и малтретирање – со години. Денес, јасно и без страв велам: одговорноста за животот на мојот сопруг, кој храбро остана во својата земја без оглед на притисоците, е директно во рацете на владата“, порача Маријам.