Дома Фудбал Гвардиола: Ако изгубиме бодови против Вест Хем, борбата за титулата завршува

Гвардиола: Ако изгубиме бодови против Вест Хем, борбата за титулата завршува

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека ако неговата екипа изгуби бодови утре на гостувањето против Вест Хем, борбата за титулата со Арсенал завршува.

Лондонците имаат предност од седум бодови, но „граѓаните“ имаат одиграно еден натпревар помалку. Сити заврши изедначено против Нотингем во последниот натпревар од лигата пред 10 дена. Во текот на неделата, тимот доживеа тежок пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а реваншот од осминафиналето е во вторник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Запрашан дали дуелите со Реал ќе се одразат на натпреварот со Вест Хем, Гвардиола одговори: „Сега сè е насочено кон Вест Хем. Овие натпревари се тешки. Освојувањето на Премиер лигата е најтешкиот трофеј. Ние сè уште сме во борбата, но знаеме дека ако изгубиме бодови, тоа завршува. Задоволство е да сме во ваква позиција. Минатата сезона не бевме. Кога се доаѓа до последните 10 кола, секој тим се бори за нешто.“

„Многу размислувам за тоа што е најдобро за тимот во однос на изборот на составот. Секако, не можеме да играме со исти 11 секои три дена. Тоа нема да се случи. Имам мислење за натпреварот во Мадрид, грешки во моите одлуки. Во првото полувреме, првите 20 минути пред првиот гол, бевме извонредни, но потоа… Беа направени грешки, натпреварот се промени. Второто полувреме започнавме добро. Имавме шанси. Не е првпат да е тешко. Имам изгубено многу пати во Лигата на шампионите,“ додаде специјалистот. За реваншот тој рече: „Ова е натпревар во кој треба да се обидеш да го постигнеш првиот гол, да победиш. Какви и да се плановите, понекогаш тие се менуваат. Едноставно го играш натпреварот и од неговиот развој се гледа дали имаш шанса или не.“

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…