Дома Фудбал Влаховиќ подготвен да потпише нов договор со Јувентус

Влаховиќ подготвен да потпише нов договор со Јувентус

Можеби ќе биде одложено враќањето на теренот на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, за уште едно коло, поради неговото отсуство од тимот за утрешното гостување во Удинезе. Но, тој конечно е подготвен да ја разгледа можноста за продолжување на неговиот договор со клубот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според “Газета дело спорт”, Влаховиќ е сега подготвен да потпише нов договор со “Старата дама”, откако се смири интересот на Барселона и Бајерн (Минхен) кон него. Јувентус му нуди кратко продолжување од една до две години на српскиот национал, со плата од 7 милиони евра годишно, вклучувајќи бонуси – сума која е многу помала од неговата тековна плата од 12 милиони.

Исто така, 26-годишниот играч ќе има загарантирано стартно место во нападот под раководство на Лучано Спалети, кој според италијанските медиуми речиси договорил продолжување на неговиот договор со “бјанконерите” до 2027 година, со опција за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез против сите: Го сака Мурињо повторно во Мадрид, операцијата започнала!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го гледа португалскиот тренер Жозе Мурињо …