Дома Ракомет Ќе „гори“ Битола за најголемото македонско дерби – цела сала е распродадена!

Ќе „гори“ Битола за најголемото македонско дерби – цела сала е распродадена!

Салата во Битола ќе биде исполнета до последно место за дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое е закажано за недела со почеток во 19:00 часот.

Од битолскиот клуб информираа дека сите билети за натпреварот се веќе распродадени, што значи дека трибините ќе бидат целосно исполнети и дека навивачите ќе создадат вистинска дерби атмосфера.

Овој натпревар може да има и големо значење во битката за шампионската титула, па се очекува жестока пресметка на теренот пред преполната сала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски го водеше Пелистер до седми триумф, Тиквеш се врати на победите

Еурофарм Пелистер го совлада Младост со 36:21 пред дербито со Вардар, а Тиквеш по поразот …