
Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе доби позитивни вести во пресрет на реваншот против Манчестер Сити во нокаут-фазата од УЕФА Лига на шампиони. Според информациите на РМЦ Спорт, напаѓачот се чувствува добро и постои сериозна можност да биде подготвен за настап на вториот натпревар.
Во таборот на Реал Мадрид внимателно ја следат неговата здравствена состојба, бидејќи Мбапе во изминатите денови работи на закрепнување и постепено се враќа во тренажен процес. Првичните информации се охрабрувачки, а медицинскиот тим верува дека неговото опоравување се движи во добра насока.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Доколку сè продолжи според планот, францускиот напаѓач би можел да биде подготвен не само за дуелот со Манчестер Сити, туку и за настап за Фудбалска репрезентација на Франција за време на претстојната репрезентативна пауза.