Дома Фудбал Политиката се меша во спортот: Иран бара Америка да го загуби Мундијалот?! 

Политиката се меша во спортот: Иран бара Америка да го загуби Мундијалот?! 

Политичките тензии помеѓу САД и Иран се прелеаја и на спортот, па во јавноста се отвори прашањето за учеството на иранската репрезентација на Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Според планот, Иран би требало да ги игра дел од натпреварите од групната фаза во Лос Анџелес и Сиетл, но тековната политичка ситуација фрла сенка врз тој сценарио.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иранците се добредојдени на турнирот, но порача дека „можеби треба да размислат за доагањето поради сопствената безбедност“.

На ваквите коментари реагираше Фудбалската федерација на Иран со соопштение во кое јасно се порача дека никој нема право да го доведува во прашање нивното учество на Мундијалот (иако нивниот министер за спорт говореше поинаку).

Светското првенство е натпреварување кое го организира ФИФА и учеството на него се обезбедува исклучиво врз основа на резултатите на теренот. Никој не може да го исклучи Иран од Светското првенство. Ниту една држава или политичка личност нема право да одлучува кој ќе игра на турнирот. Доколку домаќинот не е во можност да ја гарантира безбедноста на сите учесници, тогаш се поставува прашањето за неговата способност да организира вакво големо натпреварување – се наведува во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за реваншот против Манчестер сити

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе доби позитивни вести во пресрет на реваншот про…