Дома Фудбал Јамал не беше присутен на тренингот на Барселона

Јамал не беше присутен на тренингот на Барселона

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал не се појави на тренингот во четвртокот со екипата на Барселона, што беше прв тренинг по ремито со Њукасл во Лигата на шампиони (1:1), каде што шпанскиот репрезентативец израмни од пенал.

Според информациите од „Мундо Депортиво“, младиот напаѓач не се чувствува добро, но не се очекува да биде спречен да настапи на натпреварот против Севиља во недела во Ла Лига, и се предвидува дека ќе игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ерик Гарсија, кој не настапи на гостувањето во Англија поради повреда, тренира според посебен програм и најверојатно нема да биде во тимот за викендот, но целта е да биде подготвен за реваншот против Њукасл средината на следната недела.

На тренингот на тимот на Ханзи Флик се приклучија младите таленти од академијата, кои на овој начин добиваат драгоцено искуство работeјќи со првиот тим, додека наскоро би можеле и тие да ја добијат својата шанса на големата сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вести од Мадрид го „затресоа“ Франција: Поради Килијан Мбапе сè паднало во втор план

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи за викендот бидејќи во гостувањето кај Бетис освои…