Дома Фудбал Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредојден да учествува на Светското првенство летово, но истакна загриженост за „нивниот живот и безбедност“, пренесе Ројтерс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Иранскиот национален фудбалски тим е добредојден на Светското првенство, но навистина не сметам дека е соодветно да бидат тука поради нивниот живот и безбедност,“ напиша Трамп во неговата социјална мрежа.

Министерот за спорт на Иран вчера изјави дека Иран не може да учествува на Мундијалот поради нападите на САД и Израел врз неговата земја. Светското првенство, во кое ќе учествуваат 48 тимови, ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Натпреварите на Иран од предворителната група треба да бидат одиграни на американска територија – во Лос Анџелес и Сиетл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити го враќа Мареска, Челси ќе добие 20 милиони евра

Манчестер Сити постигнал договор со Челси за предвремен раскин на договорот на Енцо Мареск…