
Украинскиот боксер и шампион во тешка категорија, Олександр Усик, откри дека неговата голема кариера е при крај. Еден од најдобрите тешкаши на модерното време најави дека планира да одигра уште само три борби пред да ги закачи ракавиците на клин.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сегашниот светски шампион во тешка категорија (24 победи, 15 нокаути, без пораз) се враќа во рингот на 23-ти мај кога ќе се соочи со познатиот кикбоксер Рико Верхеувен. Спектаклот ќе се одржи на уникатна локација, пред пирамидите во Гиза, Египет, а на коцка ќе биде WBC појасот на Усик.
Потоа, Усик планира да ги вкрсти ракавиците со победникот од британскиот дуел помеѓу Фабијо Вардли и Даниел Дубоа. Тие двајцата ќе се борат на 9-ти мај во Манчестер за WBO титулата.
Третата и воедно последна борба во план треба да биде трилогија против Тајсон Фјури. Тие двајцата веќе двапати се бореле во 2024 година, а Усик и двата пати излегол како победник.