Дома Останати Тенис Ѓоковиќ е чудо: На 38 години го одигра поенот на годината! (Видео)

Ѓоковиќ е чудо: На 38 години го одигра поенот на годината! (Видео)

Новак Ѓоковиќ(38), еден од најдобрите тенисери на сите времиња и моментално трет на светската ранг-листа, беше елиминиран во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Него го победи Џек Дрејпер, кој е 14 години помлад и на 14. место на ранг-листата. Дрејпер кој е бранител на титулата на турнирот во калифорниската пустина која се смета за “петти Гренд Слем” поради својата важност, со триумф од 4:6, 6:4, 7:6.

Ѓоковиќ одигра три сета три коло по ред, што го умори ветеранот. Во последниот сет против Дрејпер скоро престана да трча и скокнува при сервирање откако неверојатниот поен во првиот гем на третиот сет го исцрпе. Ѓоковиќ со брзина како во најдобрите години излета на теренот. Тие двајца разменија 26 удари од секаков вид. И двајцата се бранеа и напаѓаа, демонстрирајќи ги сите свои вештини и трикови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дрејпер неколкупати ја скратуваше топката, но Ѓоковиќ секогаш стигнуваше на време, а на крајот мрежата му помогна да добие гем-поен. Ѓоковиќ остана да лежи на теренот додека публиката во Индијан Велс го наградуваше со бурни аплаузи..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ по драматичниот пораз на Индијан Велс: Останав без гориво

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерсот во Индијан Велс по исцрпувачката борба проти…