Дома Фудбал Гваридола доби жестоки критики: „Подобро е 0:3, отколку 0:4“ (Видео)

Гваридола доби жестоки критики: „Подобро е 0:3, отколку 0:4“ (Видео)

Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола, по поразот од Реал во Мадрид со резултат 3:0, мораше да одговара на многу незгодни прашања од новинарите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На прес-конференцијата шпанскиот тренер најпрво истакна дека шансите на неговиот тим да продолжи понатаму не се големи.

„”Не се сјајни во моментов. Претпоставувам дека 0:3 е подобро отколку 0:4 (Винисиус промаши пенал). Секако, ќе се обидеме. Ќе анализираме што можеме да подобриме, ќе бидеме поактивни во последната третина и ќе дадеме се од себе“, рече Гвардиола.

Пред мечот, тренерот на Реал, Алваро Арбелоа изјави дека Гвардиола сигурно ќе изненади со почетниот состав, што и се обистини.

Манчестер сити започна со Џереми Доку, Савињо и Абдукодир Хусанов во стартниот состав, додека Нико О’Рајли од средината на теренот се префрли на позицијата лев бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(VИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…