Дома Фудбал „Валверде е сè што фудбалер на Реал Мадрид треба да биде“

„Валверде е сè што фудбалер на Реал Мадрид треба да биде“

Има многу причини поради кои Манчестер Сити синоќа беше фаворит во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал во Мадрид.

Но, „кралскиот“ клуб повторно докажа дека никој не смее да го отпише, дека Лигата на шампионите е „неговото натпреварување“ и дека оној што сака да го исфрли мора да направи сè спротивно од тоа што синоќа го направи Пеп Гвардиола со својот тим.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Реал Мадрид го чекаше својот момент од низок блок и брутално ги искористи шансите, славејќи со резултат 3:0 благодарение на инспирираниот капитен Феде Валверде, кој запиша хет-трик.

Донарума му одбрани пенал на Винисиус, само да го малку наруши уживањето на домашните навивачи, но по натпреварот сепак преовладува оптимизам, како и голема доверба во новиот тренер Алваро Арбелоа, кој тактички го надмудри постариот и поуспешен колега од Сити.

Секако, имаше и пофалби за херојот Валверде, кој повторно покажа дека е играч за големи дела, дека може да одговори на барањата на секоја позиција и дека е легитимен наследник на Лука Модриќ и Тони Крос, ако се земе предвид неговото влијание врз тимот на теренот и во соблекувалната.

Веќе сум малку уморен од зборување за неговите настапи, без оглед на тоа која позиција ја играше. Тој е наш Хуанито (легендарен играч на Реал кој играше од 1977 до 1987 година). Валверде е сè што играч на Реал Мадрид треба да биде, ја заслужи оваа ноќ“, рече Арбелоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како е да се биде доктор во фудбалски клуб во Македонија: За гледачите трае 90 минути, а за нас речиси цел ден (Видео)

Во новата епизода на „Уште еден поткаст“ гостин беше докторот по спортска медицина Димитар…