Дома Фудбал Модриќ сосема случајно откри каде ќе игра следната сезона

Модриќ сосема случајно откри каде ќе игра следната сезона

Лука Модриќ е подготвен да одигра барем уште една сезона. Иако во септември ќе го слави својот 41. роденден, легендарниот хрватски играч за врска, со еден сосема неочекуван потег најави дека можеби и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Милан.

Кариерата на големиот Лука Модриќ се ближи кон крај. Сонувал да ја заврши во Реал Мадрид и дресот на репрезентацијата на Хрватска, но откако го отпишаа „Кралевите“, оваа сезона одлучи да ја помине во AC Милан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со 40 години на грбот, легендарниот Хрват игра неверојатно. Ги носи „росонерите“ на своите крилја, а тимот од „Сан Сиро“ прави се за да го задржи и следната сезона.

Многу се зборува за иднината на прочуениот играч за врска, а тој со еден сосема неочекуван потег можеби најави свое останување во Милан. Тој на музејот на клубот му ја позајми својата Златна топка од 2018 година и истата ќе биде изложена таму до крајот на оваа година.

Многумина овој потег го гледаат како потврда дека Лука ќе биде тука и следната сезона. Меѓутоа, се работи за обична позајмица која не значи ништо, не треба да се гледа како „ветување“ за останување во клубот.

„Росонерите“ секако прават се за да го ‘принудат’ Модриќ да остане барем уште една сезона. Не би било изненадување ако во тоа и успеат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз брзо ја преболе Алиша Леман: Сега е во врска со ќерка на легенда на Арсенал

Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Астон Вила, Даглас Луиз, брзо се справи со раскино…