
Микел Артета, тренерот на Арсенал, го сподели своето мислење за ремито (1:1) против Баер Леверкузен во првиот натпревар од осмина финалето на Лигата на шампионите, наведувајќи дека чувствата по натпреварот се помешани.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според него, тимот од Лондон покажал недостаток на конкретност во нападот.
– Натпреварот имаше различни фази. Почнавме одлично и создадовме одлична шанса кога Мартинели ја погоди пречката. Во одредени моменти доминиравме, но не успеавме да ги завршуваме нападите, додека противникот беше прилично опасен – изјави Артета по мечот и продолжи:
– Покажавме невнимателност веднаш по продолжението на играта и примивме гол. Се боревме за стабилност на емоциите. Со измените ја подобривме играта и најдовме начин да изедначиме.
Тој истакна дека токму деталите се тие кои го прават разликата на овој ниво.
– Сè се решава со детали. Противникот направи нешта што ние не успеавме, и тоа го плативме. На крајот, Кај Хаверц маестрално го реализираше пеналот, беше извонредно концентриран. Тој гол е важен момент.