Дома Фудбал УЕФА го предупредила Реал, вечерва на „Бернабеу“ пристигнува најголемиот непријател!

УЕФА го предупредила Реал, вечерва на „Бернабеу“ пристигнува најголемиот непријател!

Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола,вечерва гостува во Мадрид…

Реал Мадрид вечерва го пречекува Манчестер Сити во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, и кога Пеп Гвардиола ќе зачекори на Бернабеу, трибините на стадионот на Реал традиционално зовриваат.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Каталонскиот стратег е вистински „непријател“ за мадридистите поради многу причини, уште од неговите играчки денови, а потоа и ја водеше Барса до победи низ Шпанија и Европа, притоа држејќи лекции на “кралскиот клуб”.

Кога ќе се земе предвид и неговата јасно изразена поддршка за каталонската кауза, станува уште појасно зошто во централата на Мадрид го пречекуваат со недоверба. Така беше и минатиот пат кога Манчестер Сити гостуваше кај Реал во декември во првата фаза на Лигата на шампионите, но овој пат може да биде поинаку. Гвардиола може да има помирна вечер, барем во однос на инцидентите надвор од теренот.

Шпанските медиуми објавуваат дека Реал издал предупредување до најжестоката трибина на Бернабеу со цел да избегне санкции од УЕФА. Синоќа радиопрограмата Ел Ларгуеро пренесе дека на мадридскиот стадион нема да има шпански знамиња ниту нешто посебно на Гвардиола. Посетите на каталонскиот тренер во Бернабеу секогаш биле многу напнати, со постојани навреди упатени кон поранешниот играч и тренер на Барса.

“Нема да има шпански знамиња ниту нешто за Гвардиола на јужната трибина на Бернабеу, поради предупредувањето од Реал до фановите. Тоа е договорено преку разговори со околу двестотина водечки фанови кои го зафаќаат тој дел,” открија во познатата радио станица, објаснувајќи ги причините за таквиот чекор:

“Имаме два преседани, првиот е мечот Реал – Сити во декември, каде УЕФА го издаде предупредувањето поради хомофобски извици против Гвардиола, а вториот е мечот Реал – Бенфика пред две недели, кога еден фан на Реал изведе нацистички поздрав и беше казнет со 15.000 евра. Тогаш беше закането со делумно затворање на стадионот,” објавено е, и заклучено е дека ова е трет пат во последните два месеци кога кралскиот клуб им дал упатства на ултрасите како да се однесуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Натпревар на кариерата: Поради него Јамал вчера ништо не можеше! (Видео)

Левиот бек на Њукасл, Луис Хол, вчера го одигра една од најдобрите натпревари во својата к…