Дома Останати Кошарка Ноќ за историја: Бам постигна 83 поени и го надмина Коби! (Видео)

Ноќ за историја: Бам постигна 83 поени и го надмина Коби! (Видео)

Веста ја обиколи планетата, изгледа неверојатно, но се случи. Бам Адебајо постигна 83 поени ноќеска против Визардс, втор најдобар резултат во историјата.

Се разбира, Вилт останува со „стотката” на првото место, но центарот на Мајами го надмина покојниот Коби кој постигна 81 поен. Адебајо во првата четвртина даде 31 поен, 43 до полувремето, и 62 до крајот на третата четвртина.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шутираше 20 од 43 од игра, погоди 36 од 43 слободни фрлања, овие се историски рекорди во вечерашното чудо кое момчето од Џерси го изгради со седум тројки од 22 обиди. Претходниот рекорд по број на поени го држеше Леброн со 61 поен кои ги постигна против Шарлот во 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ е чиста магија: Го урна рекордот на Коби Брајант во Лејкерс, повторно заблеска со трипл-дабл (Фото)

Неверојатниот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ продолжи да блеска и оваа ноќ во НБА лигата…