Дома Фудбал Се повреди на три месеци пред СП – ѕвездата на Баерн во солзи го напушти теренот

Се повреди на три месеци пред СП – ѕвездата на Баерн во солзи го напушти теренот

Извонредната победа на Баерн над Аталанта со 6:1 во Бергамо беше засенета од непосакуван настан – повредата на Алфонсо Дејвис, кој го напушти теренот со солзи во очите, предизвикувајќи загриженост во клубот и канадската репрезентација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само три месеца пред почетокот на СП, каде што Канада ќе биде еден од домаќините, оваа ѕвезда на баварскиот клуб се соочи со уште еден неубав момент. Неговата реакција додека ја напушташе играта во 71. минута говори многу за сериозноста на ситуацијата.

Левиот бек се приклучи на натпреварот во второто полувреме, но по кратко време почувствува болка и мораше да биде заменет. Иако постои стравување за најлошото, крајната дијагноза ќе биде утврдена по деталните лекарски прегледи.

Ова не е првата сериозна повреда за 25-годишниот фудбалер. Во минатото веќе имаше долго отсуство поради проблеми со коленото, што му го одзеде местото во стартниот состав на тимот од Минхен. Сега сите се надеваат дека новата повреда нема да биде сериозна и дека Дејвис ќе се врати подготвен за претстојните предизвици во клубот и на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…