Дома Фудбал Арбелоа пред Сити: Одиме по победа

Арбелоа пред Сити: Одиме по победа

Алваро Арбелоа, тренерот на Реал Мадрид, се обрати на медиумите пред првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот, објасни кој од двата тима би го понел епитетот на фаворит.

– Дали секогаш сме фаворити? Ние сме Реал Мадрид и никогаш не се чуствуваме помалку важни од другите. Имаме силен противник, добро познат на сите, и свесни сме колку е предизвикувачки да играме против нив, но ќе излеземе храбро и ќе се соочиме со нив лице-в-лице – изјави Арбелоа.

Тој потенцираше дека ремито не би го задоволило него и неговиот тим.

– Ова ќе биде тежок, но возбудлив натпревар кој со нетрпение го очекуваат навивачите. Ние ќе излеземе на терен со желба за победа и ќе бидеме високо мотивирани. Лигата на шампионите има големо значење за нас. Се чуствуваме мотивирани пред ноќта што ја очекуваме во Лигата на шампионите. Ако ме прашате дали ќе бидам задоволен со нерешен резултат, можам да кажам дека на терен ќе излеземе за да победиме. Ќе биде тоа прекрасно искуство и нетрпеливо го чекам почетокот на натпреварот. Треба да бидеме претпазливи од многу нивни играчи, имаат одлични индивидуалци, но истовремено знаат и како да функционираат како тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс се засили со тандем босански напаѓачи!

Екипата на Силекс ги потврди првите две засилувања за новата сезона, а станува збор за два…