Дома Фудбал Вчера го видовме едно од најголемите понижувања во Лигата на шампионите!

Вчера го видовме едно од најголемите понижувања во Лигата на шампионите!

Во еден од најсрамните моменти во историјата на Лигата на шампиони, менаџерот на Тотенхем, Игор Тудор, одлучи да го замени голманот веќе во 17-та минута од натпреварот против Атлетико Мадрид во осминафиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот голман Антонин Кински доби шанса од почетокот на натпреварот, првпат од октомври 2025 година, откако Тудор реши да го остави стандарниот голман Гуглиелмо Викарио на клупата.

Сепак, таа одлука брзо се покажа како погрешна. Кински направи неколку грешки во стартните минути, што играчите на Атлетико го искористија и по само 15 минути бекството резултираше со високи 3:0.

По постигнатиот трет гол од Хулијан Алварез за гостите, чешкиот голман веднаш беше заменет, а на теренот влезе Викарио. Кински веднаш се упати кон соблекувалната.

Поранешниот голман Пол Робинсон смета дека таквиот потег сепак е погрешен.

“Никогаш не сум видел нешто вакво на фудбалското поле. Огромна одлука од менаџерот Игор Тудор. Голманот е виновен за головите, но ова може целосно да му ја уништи самодовербата”, истакна Робинсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците го објавија писмото добиено од Инфантино, иако е пракса тоа да не се прави

Фудбалската федерација на Аргентина реши јавно да го објави писмото од претседателот на ФИ…