
Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Газета дело Спорт” пишува дека италијанскиот клуб ја разгледува можноста да ги ангажира Бернардо Силва од Манчестер Сити и Леон Горецка од Баерн Минхен.
Конкуренцијата за привлекувањето на овие фудбалери е сериозна и шансите на “бјанконерите” ќе бидат значително влијаени од тоа дали ќе учествуваат во следното издание на Лигата на шампионите.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во моментот, 31-годишниот португалски репрезентативец се смета за приоритетна опција за тимот од Торино. Силва заработува меѓу 7 и 8 милиони евра по сезона по даноци, но без бонусите. Раководството на Јувентус веќе имало први контакти со агентите на фудбалерот.
Бернардо Силва е и интерес за Интер, Галатасарај, Интер Мајами и Бенфика. Полуиграчот е во Манчестер Сити од 2017 година, а во својата татковина го носи дресот на Бенфика.