Дома Фудбал Реал Мадрид утре ќе го пречека Манчестер сити, а од последниот тринг пристигна слика која ги разочара навивачите

Реал Мадрид утре ќе го пречека Манчестер сити, а од последниот тринг пристигна слика која ги разочара навивачите

За сите љубители на фудбалот, овие неколку денови се вистинско задоволство со натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите. Еден од најважните дуели ќе се одигра во Мадрид, каде Реал ќе го пречека Манчестер Сити. Сепак, пред овој многу очекуван натпревар, од тренинг центарот на „Кралевите“ пристигнува слика која не носи добра вест за нивните навивачи.

Лигата на шампионите се враќа вечерва кога ги гледаме првите натпревари од осминафиналето. Во оваа фаза ни претстојат интересни натпревари, а еден од најгледаните ќе се одигра во Мадрид каде Реал ќе се соочи со Манчестер Сити.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Реал Мадрид и Манчестер Сити веќе неколку години редовно се сретнуваат во нокаут фазите од ова натпреварување, а утре ќе го гледаме нивниот дуел на стадионот Сантијаго Бернабеу.

„Кралскиот клуб“ дојде до осминафиналето преку плеј-оф фаза каде ја издвои победата над Бенфика, додека „Граѓаните“ го осигураа нивното место преку лигашката групна фаза.

Нема сомнение дека не очекува уште еден спектакуларен натпревар помеѓу Реал и Сити, но многумина веруваат дека гостите од Етихад имаат поголеми шанси за победа, иако натпреварот се игра во Мадрид.

На Алваро Арбелоа му претстојат проблеми поради големиот број на повредени играчи, што се покажа и на утринскиот тренинг на тимот.

Фудбалерите на Реал го одржаа последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Манчестер Сити, но Арбелоа не можеше да смета на дури седум играчи.

Најтешката загуба е отсуството на Килијан Мбапе, а покрај него, на тренингот недостигаа и Белингам, Едер Милитао, Алаба, Себалос, Карерас и Родриго, кој неодамна се повреди на коленото.

Арбелоа ќе мора и утре да ги прилагодува своите планови поради недостатокот од играчи, па повторно повика неколку млади таленти од младинскиот тим кои ќе бидат дел од составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ослабен ќе го дочека Манчестер сити

Реал Мадрид доби лоши вести пред првиот дуел против Манчестер Сити во осминафиналето од Ли…