
Фудбалот во последниве години значително еволуира преку внесувањето на различни технолошки иновации. Од VAR до виртуелните линии за анализа на милиметарски ситуации, технологијата сѐ повеќе ја одредува судбината на теренот. Во Шпанија, следниот чекор би можел да биде уште поамбициозен – воведувањето на целосно автоматски офсајд систем.
Идејата ја презентираше Хавиер Тебас, претседател на Ла Лига, кој откри дека шпанското натпреварување размислува за имплементација на оваа технологија веќе следната сезона. Оваа изјава доаѓа по потпишувањето на првиот колективен договор за судиските активности во професионалниот машки фудбал.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Според Тебас, целта е да се надмине сегашниот полуавтоматски офсајд систем, кој веќе се користи во неколку меѓународни натпреварувања.
– Планираме, можеби веќе наредната година, воведување на автоматски офсајд. Сега постои полуавтоматски, но “полу” не ми се допаѓа – истакна тој, а потоа додаде:
– Toа би значело вградување на чип внатре во топката, одобрен од ФИФА, за да се детектира моментот кога топката е удирана. Toа бара посебен систем на камери на стадионите. Би бил тоа автоматски офсајд. Нема да бидат потребни познатите фрејмови. Останува верификацијата, проверката на различните брендови топки кои постојат во лигите, потребна е координација. Но тоа е една од целите кои ги предлагаmе на технолошко ниво за следната сезона.
Ако се реализира, оваа иницијатива би можела да ја надгради шпанската лига на чело на технолошките иновации во европскиот фудбал, потсетувајќи дека полуавтоматскиот офсајд веќе се користи во некои земји.