Дома Фудбал Ханзи Флик: Њукасл ќе не притиска и треба да се браниме добро

Ханзи Флик: Њукасл ќе не притиска и треба да се браниме добро

Барселона продолжува со учеството во Лигата на шампионите со дуел против Њукасл во осминафиналето. Првиот натпревар е во вторник навечер од 21:00 часот на „Сент Џејмсис Парк“. Разликата во настапите на двата тима во нивните првенства е огромна, бидејќи Каталонците се лидери во Ла Лига, додека „мечките“ се 12-ти во Премиер лигата.

Инаку Барса и Њукасл веќе овој сезон се сретнаа во ЛШ, а тоа се случи во септември кога Шпанците победија со 2:1 како гости.

За натпреварот со Њукасл и ЛШ воопшто
Ќе видиме фантастична атмосфера во Њукасл. Тие ќе не притискаат и брзо ќе прават транзиции. Треба да се браниме многу добро. Ова е тим со многу брзи играчи и треба да успееме да ги ограничиме. Инаку мислам дека Лигата на шампионите сега е различна – сите тимови излегуваат да победат. Треба да играме со самодоверба.

За Премиер лигата
За мене ова е најдоброто првенство во светот. Таму имаат многу пари за да привлечат најдобри играчи. Ние треба да играме според нашата филозофија и тоа сакаме да го покажеме во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …