Дома Фудбал Рамос воодушевен: Откри кој му помогнал да го гледа дербито помеѓу Милан и Интер

Рамос воодушевен: Откри кој му помогнал да го гледа дербито помеѓу Милан и Интер

Милан славеше над Интер со резултат 1:0 во дербито кое се одигра на Сан Сиро во рамките на 28. коло од Серија А. Со оваа важна победа, Милан, го заживеа натпреварот за титулата, намалувајќи го заостатокот зад водечкиот Интер на седум поени. Сепак, Интер и натаму останува во добра позиција во борбата за Скудето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со оваа победа, Милан го успори напредокот на својот најголем ривал кој беше на добар пат кон освојување на титулата. Единствениот гол го постигна Перис Еступињан во 35-та минута. Лука Модриќ играше цел натпревар за Милан и беше прогласен за најдобар играч на дербито од Гацета Дело Спорт, со оценка 7.4 што му ја додели Софаскор.

Но, можеби најголемо внимание привлече уште една легенда на Реал. Серхио Рамос (39) ненадејно се појави во ложата на Сан Сиро за време на дербито. Навивачите на Милан беа воодушевени што го видоа легендарниот бранец, па веднаш почнаа да го фотографираат..

Рамос, во добро расположение, им позираше со насмевка на лицето. Неговото присуство на дербито стана вирално кога на Инстаграм, каде што има над 67 милиони следбеници, објави стори од познатиот стадион со наслов на италијански: “Благодарам многу, мој Лукица” и го означи Модриќ.

Миланскиот играч за врска, по натпреварот, изјави: “Толку ми е драго што Серхио е овде. Вчера ми кажа дека сака да дојде на дербито. Победата што ја остваривме сега е уште поубава бидејќи тој е тука. Денеска имавме мал дел од духот на Серхио Рамос. Кога капитенот е тука, мора да се победи.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …