Дома Фудбал Навивач го исклучи ВАР системот на натпреварот: “Ова е измама”

Навивач го исклучи ВАР системот на натпреварот: “Ова е измама”

Вистинска драма се видовме во 25. коло од германската Цвајта во дуелот помеѓу Минстер и Херта, а драмата се одвиваше кон крајот на првото полувреме.

Во судиското продолжение на првото полувреме беше досуден пенал за Херта, што ги изнервира навивачите на Минстер.

Имено, по еден прекршок во шеснаесетникот на домашниот тим, судијата Феликс Бикел доби сигнал од ВАР просторијата да ја прегледа спорната ситуација.

Меѓутоа, додека судијата стигнуваше до ВАР мониторот, еден од навивачите втрча на теренот и го исклучи ВАР системот на стадионот.

Судијата така не можеше да го прегледа ВАР снимката и се продолжи сè.

Го чекаше одговорот од колегите во ВАР просторијата кои донесоа одлука дека постоеше пенал, па главниот судија мораше да ги послуша асистентите од ВАР просторијата и да покаже на белата точка.

Херта од тој пенал поведе 0:1, а сигурен реализатор беше Рисе.

“Ова е измама”, викал маскираниот навивач откако го исклучи ВАР системот на стадионот, а обезбедувањето брзо го фати и го изнесе од стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …