Дома Фудбал Повраќаше во рингот и пак победи: Најбизарниот меч во историјата, дури и коментаторите останаа без зборови

Повраќаше во рингот и пак победи: Најбизарниот меч во историјата, дури и коментаторите останаа без зборови

Неверојатни сцени беа видени на настанот UFC 326 во Лас Вегас. Американскиот борец Коди Гарбрандт помина низ вистинска ноќна мора во октагонот, но на крајот сепак успеа да дојде до победата.

Борбата против кинескиот борец Сјао Лонг се претвори во еден од најбизарните мечеви во историјата на UFC, а публиката сведочеше на сцени кои ретко се гледаат во боречкиот спорт.

За време на борбата, Гарбрандт беше дури три пати погоден со неовластени удари во меѓуножјето.

Првите инциденти предизвикаа негодување кај публиката, но она што се случи во третата рунда ги шокираше сите присутни.

Еден од ударите беше толку брутален што американскиот борец заврши повраќајќи во канта покрај кафезот.

Додека тренерите трчаа да му помогнат, публиката во неверица ги гледаше несовседните сцени. Легендарниот коментатор Џо Роган не можеше да го сокрие шокот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …