Дома Фудбал Испаѓање на Тотенхем ќе значи распродажба, а Шпанците се први во редот

Испаѓање на Тотенхем ќе значи распродажба, а Шпанците се први во редот

Фудбалскиот клуб Тотенхем се наоѓа во најтешкиот период во својата модерна историја и му претстои жестока борба за опстанок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите ширум Европа пишуваат за загубите со кои клубот би се соочил во случај на испаѓање во Чемпионшип.

Први во редот се шпанските клубови Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците ги целат Мики ван де Вен и Лука Вушковиќ, кои на лето ќе се вратат од позајмица од Хамбургер. Хрватот има договор со Тотенхем до летото 2030 година, додека договорот на Холанѓанецот завршува една сезона порано.

На мета на други клубови е и Кристијан Ромеро, кого особено го следи Атлетико Мадрид. Аргентинецот уште пред неколку месеци се поврзуваше со Атлетико, а доколку би испаднале, нема дилема дека ќе го напушти Тотенхем.

Големо е прашањето што би се случило во случај на испаѓање и со останатите ѕвезди како Ришарлисон, Соланке, Чави Симонс, додека Рандал Коло Муани сигурно нема да остане по истекот на позајмицата од Пари Сен Жермен.

Тотенхем има бод повеќе од Вест Хем кој е прв под линијата, а ист број на бодови има и Нотингем Форест и овие три тимови до крајот жестоко ќе се борат да избегнат тоа едно место заедно со Барнли и Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…