Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри кој му бил најтешкиот меч во кариерата (Видео)

Ѓоковиќ откри кој му бил најтешкиот меч во кариерата (Видео)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со своето пристигнување на Мастерсот во Индијан Велс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе неколку дена е во САД, каде што секој негов тренинг беше посетен, а на еден од нив беше „интервјуиран“ од страна на едно дете.

Додека потпишуваше автограми, детето го праша Новак три прашања и доби одговори.

Најпрво рече дека омилената храна му е овошје, а потоа и поради кој започнал да се занимава со тенис.

„Како дете го гледав Пит Сампрас како освојува Вимблдон. Пит ме инспирираше и Моника Селеш“, рече Ѓоковиќ.

Потоа следеше прашањето кој му бил досега најтешкиот меч во кариерата, но немаше многу дилеми:

„Финалето на Австралија Опен 2012 година со Надал“, одговори Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…